Локализирани два пожара во Грција

Пожарот кој избувна вчера во реонот на градот Месолонги, во централниот дел на Грција, е делумно локализиран.

Огнената стихија уништила главно нискостеблести растенија.

Истовремено, два авиона и еден хеликоптер се бореле со огнот во реонот на Неа Фокиа, на полуостровот Халкидики, каде пожарот уништил сува треба и борови дрвја.

Пожарот, кој е веќе ставен под контрола, беснеел во близина на еден младински камп, но не било потребно евакуирање на децата кои се наоѓале во него. 

22.08.2013 - 09:38

најчитано сега