Макрадули со Заев, Данева со Јовановски - почна групирањето пред Конгресот на СДСМ

Раздвижена атмосфера владее во СДСМ пред стартот на кампањата за избор на претседател на партијата. Како што објавува Дневник, на Бихќка веќе се кројат таборите и сите од најавените кандидати тргнуваат во потрага по внатрепартиска поддршка.
Според весникот, Зоран Заев покрај Шеќеринска, на своја страна веќе го има и Јани Макрадули а извори од партијата за весникот брифираат дека може да се надева и на поддршката на Цветанка Иванова и пратениот Панче Орцев. За разлика од источна Македонија, од каде што Заев ја црпи својата поддршка, неговиот противкандидат Игор Ивановски се надева на скопските локални ограноци на СДСМ. Според изворите на Дневник, тој на своја страна веќе го има портпаролот на СДСМ и пратеник Емилијан Станковиќ.
По потпретседателска линија, поддршка за Зоран Јовановски ќе бидат Ана Павлова Данева и Гордан Георгиев. Press24 веќе објави дека во трката влегува и Тања Томиќ која главна поддршка има од младината на СДСМ.
Дневник најавува дека во претседателската трка може да влезе и кумановскиот градоначлник Зоран Дамјановски, а се уште неизвесно е дали за претседател на СДСМ ќе се борат и Кире Наумов и Стево Пендаровски

најчитано сега