Маовна тепачка во Битола- неколку лица тешко повредени

Вчера во 20,00 часот во Полициската станица -Битола, било пријавено дека околу 15,00 часот во ромската населба “Баир“ настанала тепачка помеѓу две групи на луѓе при што со тешки телесни повреди се здобиле повеќе лица.

Имено, тепачката во која од една страна учествувале Р.Р. (36), А.М. (67), Е.М (37)., А.М. (19), С.М. (41), Д.И. (16), Н.Џ. (52) и  Ш.М. (65) и лицата Ш.К. (32), М.К. (1991), И.К. (41), Р.Р. (17), К.Р. (39), Ш.Р. (42) и И.Ш. (34) од другата страна, започнала на улица „Караорман“ во непосредна близина на поранешниот отпад „кај Такир“, за потоа да продолжи пред домот на А.М. (67) оддалечен на стотина метри од отпадот, за на крајот да заврши кај локалната продавница “Кенан“.

Притоа со тешки телесни повреди се здобиле Р.Р. (36) и А.М. (67) - фрактура на глава, скршеница на надлактица и напукнати ребра, а повредено било и лицето Е.М. (37)  набиеница на нога, рана на глава и десна дланка.

Повредите биле констатирани при Одделението за неврохирургија на битолската болница.

Во врска со настанот  извршен е увид на местото на случувањето и секторот за внатрешни работи во Битола превзема мерки за целосно расчистување и документирање на истиот.

 

 

 

08.08.2017 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега