Коневски: Во Аеродром џамија нема да има
Градоначлникот на Аеродром, Ивица Конески во изјава за весникот Вест вели дека во Аеродром нема да има џамија бидејќи мнозинството од населението е православно а во цела општина живеат само стотина муслимани. Тој денеска го одбил барањето на околу 150 муслимани од Горно Лисиче кои побарале во нивна близина во општината да се изгради џамија, за да не мора верските обреди да ги извршуваат во Батници или на Бит Пазар.
"По барање на жителите, ние реагиравме до Општина Аеродром и побаравме да ни дозволи да изградиме џамија за нашите верници во тој дел. Имаме и имот, сопственост на ИВЗ, на кој ќе може да градиме, само чекаме дозвола. Општината нe одби со образложение дека треба да се создадат посебни услови за тоа и да се промени Деталниот урбанистички план, кој не е во наша надлежност. Јас сум за изградба и на цркви и на џамии, бидејќи тие се градат за верниците и онаму каде што има потреба, нека се кренат. Засега ни останува да почекаме да се создадат подобри услови за да се договориме со општинарите", вели за Вест скопскиот муфтија Ибрахим Шабани.
За градоначлникот на општина Аеродром, Ивица Коески, во оштината нема потреба за изградба на муслимански верски објект.
"Има околу стотина граѓани-муслимани, но ние работиме во служба на граѓаните, а таму мнозинството се православни. Тие треба да одлучат дали има потреба од изградба на други верски објекти или не. Ние ќе постапиме како што ќе решат граѓаните. Во секој случај, не сме против изградба на верски објекти секаде каде што има потреба", вели Коневски за Вест и додава дека во Деталниот урбанистички план во општината не е предвидена локација за изградба на џамија.
Претходно, Вест напиша дека муслиманите ќе бараат изградба на џамија и во близина на висококатниците кои ги гради Џевари Холдниг на што од општина Аеродром одговорија дека таква можност не постои.