Крвава семејна драма во Струга: Со нож го прободел својот брат

Вчера  во 15 часот и 10 минути во Полициска станица-Струга од Медицински Центар-Струга, пријавено е дека кај нив е донесен 31-годишниот О.Н. од Струга кој бил повреден со остар предмет (нож) во пределот на стомакот, по што е задржан на лекување.

Од извршениот разговор дојдено е до сознание дека поради нарушени семејни односи дошло до физичка пресметка помеѓу О.Н. и неговиот брат, 28-годишниот  Т.Н., при што во еден момент Т.Н. извадил џебен патент нож и му нанел неколку убоди во пределот на стомакот на О.Н., а потоа го напуштил местото на настанот.

По целосно расчистување и документирање на настанот против Т.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

06.08.2017 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега