Изгореа два приватни автомобили во Скопје
На 05.08.2017 година во 04 часот и 44 минути во Единицата за известување и команда -Скопје се јавил С.Н. и пријавил дека во Скопје, на улица „Букурешка“ горело неговото патничко моторно возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки.
Во 04 часот 57 минути во Единицата за известување и команда повторно се јавил С.Н. и пријавил дека пред ресторан во скопската населба Карпош горело патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки сопственост на 33-годишниот Ј. Ј.од Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините кои довеле до опожарување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа