Прсеврт во времето - следуваат врнежи и грмежи
Времето денеска сончево и многу топло со слаб ветер претежно од североисточен правец. УВ=9 Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степени.
Во Скопје до 41°C.
До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе овозможи продолжување на периодот на претежно сончево, многу топло време. Од понеделник во западните делови на земјава ќе има извесно зголемување на облачноста, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надминува 40 степени. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.
Промена на временската состојба се очекува в петок кон сабота.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа