Крвава расправија во Кичево, момче избодено со нож итно пренесено во Ургентен
На 02.08.2017 година околу 03:30 часот на градскиот плоштад во Кичево пред обложувалница во меѓусебна расправија помеѓу 44-годишниот С.И. од село Гарани-кичевско и 23-годишнот Ш.И. од село Србјани-кичевско, С.И. со нож му нанел неколку убодни рани на Ш.И. во пределот на градите.
На повредениот му била укажаната лекарска помош во Медицинскиот Центар-Кичево, по што бил пренесен во Ургентниот Центар-Скопје на понатамошно лекување. Од страна на увидна екипа од ПС ОН Кичево извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
02.08.2017 - 12:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа