Вооружен грабеж во Кавадарци: Влегол во куќата и со нож го расекол

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против 44- годишен С.Д од село Сопот, Кавадарци, поради постоење за сторено кривично дело “разбојништво“.

На  29.05.2017 година,  околу 23,00 часот, додека оштетениот бил во својата куќа во село Сопот, пријавениот со маска на главата и гумени ракавици насилно ја отворил вратата и држејќи нож во раката, побарал пари и замавнал кон оштетениот нанесувајќи му расекотина во пределот на десната рака, а потоа физички го нападнал, извршил пребарување по собата, а откако не нашол ништо си заминал.  

 

 

 

01.08.2017 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега