Илинденски пливачки маратон во водите на Охридското Езеро на 2 август

 

Шеесеттина пливачи од неколку домашни и странски клубови ќе бидат дел од традиционалниот „Илинденски пливачки маратон 2017“, што на 2 август ќе се плива во водите на Охридското Езеро.

Пливачите поделени во две категории од 10 до 15 години и од 16 години и постари ќе пливаат на 2,5 километарската патека од кај поранешниот хотел „Парк“ до Градското пристаниште.

Стартот на маратонот во двете категории е закажан за 10:30 односно 10:45 часот. Се очекува првите пливачи околу 11 часот да пристигнат на целта.

На маратонот што се одржува во организација на охридскиот пливачки клуб „Охридски бранови 2008“ ќе учествуваат и тројца млади пливачи од Здружението на граѓани за лица со дисфункција, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“, кои ќе бидат придружувани од нивните тренери. 

 

 

 

30.07.2017 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега