Прилепчанец пронајден мртов во својата куќа

Синоќе во 22 часот 50 минути во полициската станица Прилеп, од страна на екипа на Итна медицинска помош било пријавено дека на улица „Битолска“ има починато лице.

Јавен обвинител и увидна екипа од  Прилеп извршиле увид на местото на настанот. Притоа,  било констатирано дека околу 22 часот 30 минути 46- годишната М.С од населба Точила-Прилеп, откако завршила со работа, пристигнала во посета на нејзиниот брат 50 годишен Т.С во неговата куќа на наведената улица, при што го пронашла во безживотна состојба.

Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош, кој констатирал дека смртта настанала пред неколку дена, а на телото на починатиот има хематом (модринка) на левото око и на десната надколеница.

По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се изврши обдукција.

ПС Прилеп презема мерки за расчистување на настанот.

 

 

 

29.07.2017 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега