Мајка се разбудила и пронашла својата ќеркичка мртва: Била замотана во кеса со дрога во косата

Лева Херберт од Манчестер паднала од кревет и завршила замотана во кеса со отпад наполнета со валкана облека.

Осуммесечното девојче имала и траги од дрога на косата, но не и во организмот. Мајката на настраданото девојче, Шенон Витакер признала дека пушела канабис и дека пиела алкохол ноќта кога бебето починало, по што ја преместила во нејзината соба.

Шенон се разбудила околу еден часот попладнето следниот ден и ја пронашла својата ќерка како лежи на подот замотана во кеса со валкана облека.

Причината за смртта уште не е откриена, но анализите покажале дека бебето имало траги од дрога на својата коса. Полицијата утврдила дека родителите не се поврзани со нејзината смрт, така што тужби не се покренати.

 

 

 

28.07.2017 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега