Македонија го одбележува Светскиот ден на археологијата

Институтот за археолошки истражувања - Скопје денеска во Археолошкиот музеј на Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на археологијата кој низ светот се празнува во изминатите седум години. 

Денот на археологијата во Скопје ќе биде одбележан со предавања на различни теми од оваа област, со презентација на аероснимки од неколку археолошки локалитети и фотографии од изминатите изданија на изложбата „Archaelogy in Progress“.

- Целта е што повеќе археолози кои работат, студираат или волонтираат  каде било во светот да учествуваат во одбележувањето на Денот на археологијата и со скромен придонес снимајќи го нивниот ден или преку споделување текстови, слики или видеа, да го покажат широкиот спектар на работа што луѓето од нашата професија го прават ден за ден низ целиот свет, информира Институтот за археолошки истражувања.

 

 

 

28.07.2017 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега