На полоноќ започнува празникот на мајката и детето - еве што треба да направите

Света Јулита беше од царски род. Беше мажена и во бракот имаше син Кирик. Кога Кирик беше на тригодишна возраст остана без татко, а Јулита без маж. Кога почнаа прогоните при Диоклецијан, Јулита беше принудена со синот да ја напушти Иконија, па се пресели првин во Селевкија, а оттаму во Тарс, во областа Киликија. А во Тарс се случи нивното мачеништво.

Света Јулита беше изведена пред суд како христијанка и ставена на маки пред очите на тригодишниот Кирик. А ова момченце воспитано во христијански дух и самото повика дека е христијанин. Управникот на градот, озлобен од ова смело исповедање на тригодишниот Кирик, го турна момченцето надолу по скалите и го уби. Веднаш потоа беше погубена и мајка му. Така се овенчаа со маченички венец свети Кирик и Јулита во 304 година.

 

Се верува дека Св. Кирик штити од кожни болести, па овој ден сите што имаат здравстевни проблеми со кожата се бањаат во изворите и реките.

 

Во некои краишта постои обичај за отстранување на страшила од нивите, бидејќи денеска не се потребни. Се верува дека Св.Кирик(Кирил) штити од птиците грабливки.

Како е ова, пред се празник на љубовта на мајката и детето, жените на денешен ден треба да избегнуваат да ги караат децата, бидејќи се верува дека во спротивно ќе бидат болни преку година.

На ова древно правило се придржуваат и останатите домашни, па на денешниот празник најмногу му се радуваат децата бидејќи денеска им се исполнуваат сите желби.

Затоа мајки поминете го денов со вашите деца. Прошетајте со нив, играјте и сакајте ги – сите ќе бидат посреќни.

 

 

 

27.07.2017 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега