Уживајте уште малку, следат пеколни температури

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Повеќе претпладне и кон југоисток ќе има зголемена облачност и услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер поизразен вдолж Повардарието и кон источните делови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 23 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.Температурата ќе достигне до 31 степен.

Потоа следува период на стабилно сончево и се потопло време со постепен пораст на дневната температура. Најтопло време се очекува кон средината на следната работна недела.

 

 

 

27.07.2017 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега