Мекилвам: Се ресетираат позициите на Македонија во регионот и Европа

Договорот со Бугарија е добар чекор и пример за регионот, оценува шефицата на Директоратот за Западен Балкан во британското министерствоз а надворешни работи Фиона Мекинвал која вчера беше во посета на Скопје. По средбите со премиерот Заев, министерот за надворешни работи Димитров, министерката за одбрана Шекеринска, вице-премиерот Османи и координаторите на пратеничките групи во Собранието, Мекилвам посочи дека со реформите и градењето добро-соседски односи Македонија ја ресетира својата позиција во регионот но и во Европа.

„Гледаме просперитет. Се надеваме дека владата ќе ги спроведе најавените реформи од планот 3-6-9 и дека тоа ќе се сврти нова страница на реформирање и подобрување на односите со соседите. Договорот со Бугарија е добар чекор.“, посочи Мекилвам.

Истовремено, високата британска дипломатка потенцира дека поддршката од Велика Британија останува и покрај Брегзит.

„Не можеме да си дозволиме да тргнеме поглед од овој регион“, потенцира Мекилвам.

Во однос на очекувањата за решевање на спорот со Грција, Мекилвам смета дека е клучно да се утврдат и спроведат серија на чекори за градење доверба меѓу земјите, да се интензивира комуникацијата и да се зајакне економската соработка.

„Се надеваме на добри дискусии за решавање на ова прашање. Но решението не е во наши раце“, вели Мекилвам.

За Велика Британија како силен поддржувач на Македонија е важно и како што велат „основа на се“, да се воспостави целосно владеење на правото.

 

 

 

27.07.2017 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега