Нови детали: Откриено од што починал гостиварчанецот на Инфективно

Хеморагична треска-хантан  е причина за смртта на педесетгодишниот гостиварец кој почина пред четири дена на Инфективната клиника, неофицијално дознава НОВА. Причината за смртта кај синот се уште со сигурност не е утврдена бидејќи во мострите земени за анализа не се развиле антитела.

Преносител на заразата е полскиот глушец кој овој вирус го исфрла преку изметот, плунката и мокрачата. Луѓето се инфицираат кога ќе дојдат во контакт со овие работи исфрлени од глушецот. Искуствата низ годините во пракса кажуваат дека од вирусот најмногу заболувале војниците, шумарите, сточарите, ловците кои многу лесно доаѓаат во контакт со заразниот материјал. Стручњаците велат дека нема место за паника бидејќи во случајот е исклучена можноста од Конго-Кримска хеморагична треска која е многу опасна и заразна болест.

Обдукција кај таткото не е направена бидејќи не дозволиле  роднините. НОВА неофицијално дознава дека при обдукција на телото на неговиот син, 23 годишното момче не е утврдено никакво труење со пестициди или  други препарати за што исто така имало сомнеж.

 

 

 

 

27.07.2017 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега