Заев: Смената на директорите по закон, професионалците остануваат

Премиерот Зоран Заев денеска ги отфрли како неточни информациите дека Владата има какви било проблеми при назначувањето директори во државните институции.

Одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Стопанската комора на северозападна Македонија, Заев нагласи дека се постапува исклучиво по закон и не по принципот по кој функционираше претходната власт.

- Еден дел од работите се случуваат по два месеца зашто рековме дека ќе бидеме различни. Немаме намера да смениме веднаш се во администрацијата. Ќе се променат луѓето кои поднесоа оставки и онаму каде што е тоа стратегиски исправно. Ќе задржиме луѓе кои се професионалци, но притоа мора да ги следиме и законските постапки, потенцира Заев.

 

 

 

27.07.2017 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега