„Им сметаше моето име и презиме“ - Брена проговори за војната и распадот на Југославија

Фолк ѕвездата Лепа Брена на сцената постои 35 години. Тој периодот го одбележале многу успеси. Падови немало, но имало моменти кои можеле да донесат големи проблеми во кариерата.

Меѓутоа она што е најболно во животот на еден уметник е кога е забранет, па така и на Брена тешко и паднало кога немала каде да настапува.

„Иако бев забранета на некои места во 1991 година, не бев никому добра, бидејќи имав име и презиме кое никому не му одговараше, сепак успеав. Паметен човек со добри резултати може да опстане и да функционира каде и да сака.“ - вели Брена.

Таа вели дека била и останала космополит и некој кој не сака војни. Она што најтешко и паднало било распаѓањето на Југославија, бидејќи и самата таа била Југословенка.

 

 

 

27.07.2017 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега