Полицијата демне - летаат казни за несовесните возачи

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди. Во две од нив се повредени две лица, едно со тешки и едно со полесни повреди, а во пет е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција во текот на изминатиот ден санкционирала еден возач кој се движел со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол и е исклучен од сообраќај, шест возачи поминале на црвено светло на семафор, седум возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и 12 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати биле 35 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети биле вкупно 82 возила.

 

 

 

26.07.2017 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега