Бутел и Скопје ќе ја чистат реката Серава

Стартуваше акцијата на Општина Бутел и Град Скопје за чистење на коритото на реката Серава во должина од четири километри.

Според најавите, општина Бутел ќе го чисти коритото на Серава од Радишани кон Љубанци, во должина од 2,5 километри, а Градот Скопје од ОУ „Св. Климент Охридски“ кон населбата Бутел 1, во должина од 1,5 километар.

Средствата се од буџетите на Градот Скопје и Општината Бутел.

21.08.2013 - 12:23

најчитано сега