Комаи: Во Македонија и Хрватска има најмногу улици и плоштади со името на Тито

 

Италијанскиот експерт за посткомунистички општества и Источна Европа, Џорџо Комаи креирал мапа на улици и плоштади кои го носат името на Јосип Броз Тито.

Улиците и плоштадите ги собрал на едно место користејќи ја платформата OpenStreetMap и GoogleMap.

Според него, најголем број улици и плоштади со името на Тито има во Македoнија и во Хрватска.

Во БиХ има помалку, на четврто место е Србија, Словенија на петтото и Црна Гора на шестото место во рамки на список на поранешни југословенски републики.

Во Македoнија и во Хрватска тој избројал по 24 улици и плоштади со името на Тито, во БиХ 19, во Србија 15, Словенија 14 и во Црна Гора 7.

„Титови улици“ денес може да се најдат и во Италија, Бразил, Тунис, Кипар и други држави.

 

 

 

25.07.2017 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега