Митровски: МВР сеуште молчи за сквернавењето на гробиштата во Љуботен

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Министерството за внатрешни работи 11 дена молчи за сквернавењето на православните гробишта во Љуботен.

- МВР целосно затаи. Тоа што им е обврска, да го штитат редот и мирот и да ги гонат сторителите на вакви дела, тие не го исполнуваат. МВР и после 11 дена сеуште го нема фатено сторителот или сторителите на овој подол и гнасен чин, кој влеа немир и тензии меѓу граѓаните. Сторителот или сторителите се на слобода и може повторно да го сторат истото дело, изјави Дејан Митровски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој го повика министерот за внатрешни работи да не молчи и праша дали сквернавењето на гробиштата е намерно направено со цел да се креваат тензии меѓу граѓаните. 

 

 

 

22.07.2017 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега