За еден месец се разболеле над девет милиони Грци? - Грандиозен скандал ја тресе Грција

Повеќе од девет милиони Грци за еден месец се запишале за медицински прегледи и добиле рецепти за лекарства, поради што министерот за здравство Адонис Јоргиадис се сомнева дека се работи за „грандиозни измами“ за да и се наштети на здравствената каса. Тој наредил да бидат извршени проверки, објавуваат весниците во Атина.

Весникот Имерсија го цитира министерот кој се заканил дека од проверките некои „ќе го загубат сонот“. Тој споменал и за виновни лекари и фармацевти и најави дека нивните имиња ќе бидат објавени и ќе бидат предадени на суд.

Според коментар на весникот, скандалот е невиден – според податоците, издавани се упати за медицински прегледи и рецепти со кои речиси цела Грција одела на прегледи.

За првите шест месеци од годината, расходите за лекарства биле зголемени за 125 милиони евра.

Властите најавија контроли и во аптеките.

Весникот Елефтеротипија објавува дека ќе бидат проверувани и имоти на лекари и фармацевти и во септември ќе има пребројување на здравствените осигуреници.

21.08.2013 - 08:27

најчитано сега