Ќерката на познатиот фудбалер предизвика страшна сообраќајка во Грција

Ќерката на некогашниот фудбалер на Црвена Ѕвезда Дарко Ковачевиќ, 18-годишната Стела предизвикала страшна сообраќајна несреќа во Атина во која се повредени четири лица, пренесуваат грчките медиуми.

Ќерката на некогашниот фудбалер на Црвена Ѕвезда Дарко Ковачевиќ, Стела (18) предизвикала страшна сообраќајна несреќа во Атина во која се повредени четири лица, пренесуваат грчките медиуми.

Стела го возела џипот на својата мајка и била под дејство на алкохол.

Несреќата се случила откако група млади се враќале од излегување, кога Стела од непознати причини изгубила контрола над воланот и влетала на тротоар, а потоа удрила и во друго возило.

-Мојот син и уште едно момче биле на задните седишта. Стела возела и напред со неа седела уште една девојка. Имав увид во записот на полицијата, каде што пишува дека таа имала 0,75 промили алкохол во крвта. Синот Анастаси ми раскажа дека таа возела со молскавична брзина, изјавил за грчките медиуми таткото на еден од повредените момчиња.

Според грчките медиуми, сите патници во возилото кое било управувано од страна на Стела се повредени, додека само таа немала ниту гребнатинка. Во другиот автомобил една девојка била потешко повредена и итно била пренесена во болница во Атина, каде што била оперирана.

Инаку, таткото на Стела во моментот е спортски директор на фудбалскиот клуб Олимпијакос.

 

 

 

19.07.2017 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега