Пожарникарите заедно со граѓаните го гаснат пожарот - катаклизма во Хрватска, еве како помагаат хуманите луѓе
Вистинска катаклизма во Хрватска, пожарникарите заедно со жителите го гаснат големиот пожар кој беснее, и се заканува дека и натаму ќе се прошири.
Пожарот се гаси и со авиони, се гаси и со помош на жителите, а пожарникарите даваат се од себе.
Во пожарите се повредени околу 80 лица.
Готвачи од цела Хрватска своеволно се организирале и се решиле да прават ручек, а ќе се прават 1.000 порции за загрозените и за уморните пожарникари.
Итната помош е исто така на терен и има дополнителни седум тимови кои работат на пожарите.
Според пожарникарите, ако повторно се крене бура, ќе има голем проблем.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа