Луѓето скокале во море бегајќи од пожарот - огнена стихија го голта црногорското приморје
Голем пожар кој во понеделникот изби на полуостровот Луштица и понатаму им прави проблеми на пожарникарите.
Како што е соопштено од Директоратот за вонредни ситуации многу е критично на тоа подрачје и ако ветерот продлжи да дува со ова темпо, пожарот наскоро ќе дојде и до куќите.
Црна Гора вчера побара меѓународна помош која треба да пристигне овие денови.
Пожарот во Будва во моментов е под контрола.
Од полуостровот од населбата Понте Весло се евакуирани 40 лица, меѓу кои и мајка со бебе.
Ситуацијата е сериозна и алармантна, луѓето скокале во морето бегајќи од пламенот и во водата чекале по еден час.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа