По невремето на Халкидики само едно македонско семејство се обратило до конзулатот во Солун

 

Досега само едно семејство од Македонија кое било на летување во Торони, на вториот крак Ситонија на Халкидики се обратило до Конзулатот во Солун по невремето проследено со дожд. Македонското Министерство за надворешни работи информира дека членовите на ова семејство не се наоѓаат во опасна и загрозувачка состојба.

Од МНР исто така соопштија дека нема македонски државјани и меѓу евакуираните туристи од страна на грчките служби во Торони, Порто Куфо и Тристика на вториот крак Ситонија каде дојде до поплавување на паркирани возила по интензивните врнежи. Во Грција поплави има и на други патишта особено на патот Лариса-Кожани.  

Во Македонскиот конзулат во Солун функционира дежурен мобилен телефон 00306987200410 на кој во случај на потреба може да се обратат сите македонски државјани, информираат од МНР. 

 

 

 

 

17.07.2017 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега