Вонредна временска прогноза - подгответе се за невреме
Денес доцна попладне во јужните делови од земјава ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Утре попладне, претежно на југот и истокот од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места е можно процесите да бидат поинтензивни со појава на град и засилен ветер.
Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во јужните делови се очекува да бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне.
Вонедела и во понеделник ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. Најсвежо ќе биде во недела кога максималната температура на повеќето места ќе биде малку над 20 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа