МВР изврши увид на гробиштата во Љуботен- еве ги деталите

На 10.07.2017 година телефонски во Единицата за информации и команда при СВР Скопје во 19 часот 28 минути, беше пријавено дека во скопското село Љуботен од страна на непознати сторители се оштетени повеќе надгробни плочи.

Веднаш по пријавата, полициски службеници излегоа на лице место односно на православните гробишта во близина на црквата „Св.Никола“ во с.Љуботен.  Извршен е увид и притоа е констатирано дека непознат сторител, најверојатно со употреба на физичка сила, насилно искршил и во голема мера оштетил 34 гроба, односно ги искршил мермерните надгробни плочи, прибори за јадења, оставени шишиња, преместил и оштетил надгробни дрвени крстови, метални свеќници и др.

Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки и активности во насока на расчистување на кривичното дело „Сквернавење гроб“ по чл.400 од Кривичниот законик на РМ и по целосно документирање на настанот, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе биде доставен соодветен поднесок.

 

 

 

 

 

12.07.2017 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа