Келце го кани Металург на традиционалниот турнир

 

Келце тимот кој што ќе настапи на завршниот турнир во Келн во рамки на ракометната Лига на шампиони, настан кој што ќе се одржи на 1 и 2 јуни, секоја година организира свој турнир, на кој учестуваат по четири екипи. Полјаците планираат по петти пат годинава да ги измерат силите со Металург.  Металург минатата година не учествуваше на ваквиот турнир, и покрај одличните настапи. Овој пат полјаците се надеваат дека ќе учествуваат и германскиот тим Фленсбург, и Висла Плок.  

- Ни понудија да играме на нивниот турнир во септември што традиционално им е со добри екипи. Можеме веднаш потоа да одиграме и пријателски меч со Висла Плок, што би дошол по одигрувањето на турнирот. Ако ни се вклопат плановите, веројатно ќе прифатиме гостување во Полска – вели генералниот секретар на Металург, Зоран Цветановски.

Во рамките на Лигата на шампиони Металург и Келце сезонаваа се сретнаа четири пати. Во првите три меча крајниот исход беше неизвесен, додека последниот меч Келце го доби со 26-15.

 

најчитано сега