Земјите од ЈИЕ ја зајакнуваат соработката во воздушниот транспорт

 

Денеска во Сараево, десет воздухопловни организации од Југоисточна Европа, потпишаа писмо со намери за заедничко давање услуги на земјите од регионот, под покровителство на Советот за регионална соработка.

Иницијативата има за цел да ја зајакне соработката во воздушниот транспорт, преку обезбедување сигурни и ефикасни услуги во воздухопловната навигација,  соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ).

Документот го потпишаа, шефовите на воздухопловните власти на Република Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Унгарија.

Писмото со намери, во име на македонските воздухопловни власти, го потпишаа директорот на АЦВ, Дејан Мојсоски и претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Живко Поповски.

Потписниците на писмото со намери, преку оваа иницијатива за заедничка соработка на земјите од Југоисточна Европа, очекуваат конечно да се отстранат бариерите за отворање на косовското небо.

најчитано сега