Градот Скопје трага по вода на Водно

 

Градските власти почнаа да бараат вода на Водно која е неопходна за функционирањето на предвидениот Ски Центар на врвот на планината. Задачата му била доделена на Градежниот институт Македонија, кој ќе треба да изработи физибилити студија која треба да утврди колку подземна вода има, каков е квалитетот но и што треба да се направи за водата да може да се употреби.

-Град Скопје не се откажува и понатаму прави сериозни напори за реализација на проектот ски патеки на Водно... Распишувањето на тендерот за пронаоѓање на води е проект кој на  индиректен начин обезбедува водоснабдителнаа инфраструктура за Врвот на Водно, а со тоа и за предвидените спортско рекреативни содржини, велат од службата за односи со јавност на скопскиот градоначалник, Коце Трајановски, пренесува Алфа.

Градските власти бараат подземни води на Водно, откако претходната студија за исплатливоста и одржливоста на Ски- патеките на Водно покажаа потреба од вештачки снег за кој пак се потребни поголеми количини вода.

 

 

20.08.2013 - 16:27

најчитано сега