Два земјотреси едно по друго - еве каква е состојбата во Охрид

Во Охрид ова утро е мирно. Последните потресе се регистрирани во текот на ноќта, од кои едниот со јачина од 2,8 степени по Рихтер, а на длабочина од 0 километри, додека вториот веднаш по него со јачина од 2,5 степени по Рихтер. Овој потрес бил на длабочина од 8 километри.

По овие потреси до утринава не се регистрирани други.

Се надеваме тлото конечно ќе се смири и охриѓани ќе имаат мирни ноќи и денови по паниката и вознемиреноста која трае веќе 21 ден.

 

 

 

08.07.2017 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега