Дали Кери и Ѕверката некогаш биле заедно во реалниот живот

Поминаа речиси 20 години од моментот кога колумната на Кендис Бушнел се претвори во една од најпознатите серија во светот - „Сексот и градот“, а и самата писателка призна дека од тогаш многу работи се промениле.

По повод годишнината, Кендис во интервју за „Гардијан“ говори за тоа колку машко-женските односи се промениле, особено благодарение на апликацијата Тиндер.

Бушнел сега тврди дека Кери и Ѕверката се премногу различни за да бидат заедно и до 2017 година тие сигурно би се разделиле.

- Во вистинскиот живот, Кери и Ѕверката никогаш не би завршиле заедно. Во тој момент тие двајца беа голема тема. Гледачите ги поистоветуваа со нивната приказна слично како со Господин Дарси и Елизабет Бенет. Тие биле симбол за двојка, а жените своите момчиња ги нарекувале Зверки, изјави Бушнел, објаснувајќи дека тоа била телевизиска серија, а не уметност и дека продуцентите ги испитувале ефектите кои сакале да ги предизвика серијата.

Поради тоа одлучиле Кери и Ѕверката да останат заедно.

Ако  Кери, Саманта, Миранда и Шарлот беа вистински личности, со што денес би се занимавале?

- Мислам дека карактерите на некој начин би се вплеткале во политика. Можеби Миранда би водела протести за човековите права и серијата повеќе би била свртена кон тоа прашање. Но, тоа беше 1998 година, а работите во политиката беа многу флуидни, заклучи Бушнел. 

 

 

 

07.07.2017 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега