Му направила пирсинг на своето дете: „Додека не стане полнолетна, јас одлучувам за нејзиното тело“

Ендина Ванс е мајка на 6 деца од Охајо, но и активистка која се бори против обрезување на деца. За да ја пренесе својата порака во јавноста, одлучила на својот Фејсбук профил да објави контроверзна фотографија со уште поконтроверзна порака.

„Направив пирсинг на своето дете, зар не е слатко!? Знам дека ќе го обожава кога ќе порасне и ќе ми биде благодарно, а ако не и се допадне, секогаш може да го извади. Јас сум родител, таа е МОЕ ДЕТЕ и со неа ќе правам што сакам. Јас одлучувам во нејзино име се додека не наполни 18 години. Ако јас сум ја направила, тоа значи и дека ја поседувам. Не ми тртеба ничија дозвола со нејзиното тело да правам што сакам и тоа никако не може да спаѓа во злоупотреба. Меѓу другото, луѓто секојдневно ги дупнуваат детските уши, во што е проблемот? Мое дете, мој избор и немате право да судите, бидејќи сите бираме како ќе ги одгледуваме своите деца.“ - порачала мајката на Фејсбук.

Пирсингот секако бил лажен, а нејзина цел било да ги испровоцира сите родители кои ги обрезуваат своите деца.

Меѓутоа, бидејќи луѓето се буквалисти, факт е дека пирсингот е лажен и дека главно поминува незабележано. Ендина добива стотини пораки поради фотографијата.

 

 

 

07.07.2017 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега