Девојките на Иванден треба да го направат ова - ќе дознаете кога ќе се мажите

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител. 
Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел свети Јован додека го покрстувал народот.

Именден празнуваат: Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана...

Со денешниот празник се поврзани многу обичаи,а според еден девојките можат да дознаат кога ќе се омажат. 

Се верува дека немажените девојки денеска во саксија треба да засадат малку жито, а на Петровден треба да видат дали никнало засаденото.

Ако има прстени, тогаш сигурно ќе се омажат есента.

Се верува и дека денеска ништо не треба да се работи.

 

 

 

07.07.2017 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега