Падна крв во Мексико - петмина убиени во затворска пресметка

Најмалку 28 лица загинаа во пресметката меѓу две ривалски банди во затвор во југозападниот дел од Мексико, соопшти мексиканската полиција.

Тешкиот инцидент се случил во строго обезбедуваното крило на затворот „Лас Крусес“ во Акапулко во сојузната држава Гуереро.

Сите жртви се затвореници и починале или од убоди со нож или од претепување до смрт. Во полициското соопштение се вели дека на некои од жртвите им биле отсечени главите.

Гувернерот на Гуереро покрена веднаш истрага за инцидентот во затворот, а полицијата се сомнева дека свои удел во крвавата пресметка имале и некои од персоналот во затворот.

Се претпоставува дека пресметката била предизвикана како резултат на постоечкиот ривалитет на бандите, околу контролата врз делови од затворот и затворениците.

„Лас Крусес“ важи за најголем затвор во регионот на Акапулко, но за него се тврди дека е пренаполнет со затвореници. Во моментот на избувнувањето на пресметката, во објектот имало над две илјади затвореници.

Ова е најнов случај во серијата крвави насилства низ Мексико регистрирани оваа година.

Мај беше прогласен за најсмртоносен месец во последните 20 години, со дури 2.186 убиени лица. Според официјалните подаѕтоци на мексиканската Влада, од 2006 година, па до мај годинава, во земјата имало 188.567 убиства.

Градот Акапулко, некогаш главниот туристички центар на мексиканскиот пацифички брег и монденско одморалиште за Американците, сега е претворен во главен центар за производство и дистрибуција на дрога, а сојузната држава Гуереро во најнасилничка во Мексико.

 

 

 

07.07.2017 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега