Таравари вечерва ненајавено испратил инспекции во четири клиники

Инспектори вечерва ненајавено упаднале во четири скопски клиники, неофицијално дознава НОВА од свои извори во Клиничкиот центар. Министерот за здравство Арбен Таравари испратил екипи од Санитарната и здравствена инспекција да извршат увид во работата на неколку клиники, меѓу кои е Клиниката за гинекологија и акушерство.

Како што дознаваме, инспекциите вршат темелен увид во работењето и ако се утврдат нерегуларности ќе следат соодветни санкции и казни. Нема информации кои се другите клиники каде што вечерва влегле инспекциите. Дознаваме дека во тек е контролата во последната клиника. Според информациите до кои дојде НОВА, се проверува целокупното работење на клиниките, а приритет е хигиената. Екипите ги чешлаат клиниките за кои што имало најмногу поплаки од пациенти, но и интерни информации за нерегуларности во работењето.

Од Министертвото за здравство, доцна вечерва ниту ја потврдија ниту ја демантираа веста, само кратко најавија повеќе детали во текот на утрешниот ден, петок.

Клиниката за гинекологија во изминатиот период ја тресеа многу скандали. Само во првите пет месеци од оваа година таму починале 61 новороденче, што е 31 од вкупниот број на новородени бебиња во истиот период. Процентот на смртност кај бебињата ја надмина и минатогодишната а бројка на починати бебиња, која што исто така беше катастрофална.

 

 

 

06.07.2017 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега