Пеколна ноќ во Хамбург - полицијата употреби водени топови врз демонстрантите во Хамбург на Г20

Невообичаен почеток на Г-20 самитот во Хамбург. Опожарени автомобили, водени топови, илјадници демонстранити по улиците и уште толку полициски службеници – ваква е сликата на улиците во Хамбург, пред почетокот на самитот на групата 20 најразвиени земји на светот.   
 
Со пароли „Добредојдовте во пеколот“ и „Разбијте го Г20“ илјадници маршираа низ улиците, додека полицијата со водени топови и солзавец  се обидуваше да ги растера луѓето, пришто неколку неколку лица останаа да лежат на улиците повредени и најверојтно без свест. 
 
Како што соопштија во четвртокот од хамбуршката полиција, протестите ги започнале околу 12.000 луѓе, меѓу кои антоглобалисти, анархисти, поддржувачи на левите идеологии обични жители на Хамбург. Силите за воспоставување на редот биле принудени да применат сила против најрадикалните активисти.
 
„За жал, започнаа првите безредија. Ние користиме соодветни противмерки“. - изјави полиција на Хамбург.
 
На местото на судирот полицијата започнала со приведувања на радикалните демонстранти, кои со шишиња и камења ги нападнале безбедносните сили.  Иако за обезбедување на самитот се ангажирани околу 20.000 полицајци, сепак нивната работа нема да биде така едноставна, полицијата од своја страна ќе се соочи со уште помасовни протести. 
 
Од утре па се до сабота според дел од медиумите се очекуваат илјадници демонстранти да пристигнат од цела Европа во германскиот град за да им се придружат најавените големи протести, против глобализацијата и други теми како климатските промени, кои се клучни теми на овие самити. Властите очекуваа околу 100.000 демонстранти, меѓу коишто, според безбедносните служби, ќе има најмалку 8.000 насилни. 
 
На самитот во Хамбург ќе пристигнат светските лидери меѓу кои претседателите на Русија, САД и Кина, додека американскиот претседател Доналд Трамп, кој веќе пристигна во Хамбург успеа и да оствари разговор зад затворени врати,  со германската канцеларка Ангела Меркел која на самитот ќе ја претставува и Европската Унија. 
 

 
 
 

 

 

06.07.2017 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега