ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците од СДСМ очекуваат реални мерки и проекти

Земјоделците од СДСМ очекуваат реални мерки и проекти, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција на изјавата на министерот за земјоделство Љупчо Николовски во која најава дека ќе се преиспитуваат ефектите од досегашната распределба на земјоделските субвенции.

- Николовски наместо да се однесува како опозиција и да смислува разно разни изговори треба да се зафати со работа и да отпочне со реализирање на ветеното. Да излезе на терен и да отпочне да ги решава проблемите на земјоделците, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ апелира под итно да се донесат мерки за условен увоз на пченица и да се продолжи со дополнителна поддршка од најмалку 6.000 денари на 1 ха за пченицата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Земјоделците од Николовски очекуваат и да исплати надомест на штетата од последните непогоди.

Во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ, потсетува дека претходната влада исплатила 5.5 милиони евра за штети во Пелагонија, Штипско, Струмичко, Полог и 2016-та во Стајковци, Скопско преку 3 милиони евра во 100 проценти од проценетата штета. 

 

 

 

06.07.2017 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега