Детали за пукањето на Јадранот: Едно лице повредно, луѓето во паника бегале во кафулиња и хотели (ФОТО)

Во хрватскиот град Пореч денес околу пладне дошло до вооружен напад.

Според информациите, едно лице е повредено, најверојатно во нога, кое веднаш било префрлено во болница.

Во инцидентот учествувала група од 4 лица и едно лице кое било само.

Луѓето кои се нашле на местото на настанот, веднаш се разбегале и се криеле по угостителските и хотелските објекти.

-Се` се одвиваше многу брзо. Во тоа време имаше многу луѓе и не можеше да се види кој кон кого пука, вели еден од очевидците.

Уште нема точни податоци за инцидентот, но полицијата привела неколку осомничени лица.

 

 

 

 

 

06.07.2017 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега