Хрватскиот фудбалер се бори со тешка болест (ФОТО)

Ја изгубив косата, десет килограми… поминавме низ пекол. А клубот не ме третираше како човечко битие, кажа Никола.

-Сега сум добро, подобро се чувствувам, откри 31 годишниот Никола Покривач, фудбалер чија животна битка ја обедини Хрватска, бројни клубови организираа акции за донатори на матични станици, од сите краеви била нудена помош.

Во интервју за израелски Спорт1 тој уште еднаш се присети на драматичните моменти.

-Болеста ми се враќаше, морав да поминам низ хемотерапија и тие третмани ми помогнаа да ја стабилизирам болеста. Ја загубив косата, десет килограми… поминавме низ пекол, кажа за скоро двегодишната борба Покривач.

-Болеста не ми беше откриена на лекарскиот преглед во Макаби Петах Тиква, ниту на крвната слика. Откако се вратив на три дена во Загреб, ми пронајдоа две промени на кожата, жлездата на вратот и под рамото. Отидов на биопсија и ми ја открија болеста.

Во тие моменти неговиот тогашен клуб Макаби се однесувал сосем нечовечки.

-Макаби не ме третираше како човечко битие. Ги побарав и им ја кажав состојбата и веднаш сакаа раскин на договорот, вели Покривач.

Тој го тужеше клубот во ФИФА, но овие денови се договори со Макаби и доби оштета, а и задоволство. Парите секако не биле мотив за тужбата туку неверојатниот став на клубот.

-Мојата сила во борбата против болеста доаѓаше од семејството, пријателите и посебно мојата ќерка. Тоа е причината што се борам и давам се што можам да ја победам оваа болест. Фала на сите во мое и во име на семејството, јас ќе победам, вели Покривач.

 

 

 

 

06.07.2017 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега