Голи активисти бараа правда за биковите во Шпанија

 Околу стотина полуголи активисти за правата на животните со пластични рогови на главите, се собраа на протест за врема на фестивалот Санферминес во Памплона и повикаа на ставаање крај на традиционалната борба со бикови во Шпанија, фрлајќи прашина со боја на крвата низ градот.

Памплона 2

Санферминес е фестивал кој секоја година се одржува во чест на Свети Фермин од Амјен и почнува со испалување на ракети кои се викаат „чупиназо“, потоа учесниците трчаат пред биковите низ тесните улици на Памплона. Трката завршува во арената за борба со биковите.

Памплона 3

Некои активисти на своите гради напишаа „стоп за борбате со бикови“ на повеќе јазици и така ја поддржаа кампањата за „Санферминес без крв“ кои ја предводеа агенцијата ПЕТА и шпанската НВО „АнималНатуралс“.

Памплона 4

Милион посетители се очекуваат на фестивалот, што е петпати повеќе од целокупното население на Памплона. Се очекува дека во текот на фестивалот ќе бидат убивани по шест бикови дневно. 

 

 

 

06.07.2017 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега