Асфалтот ќе гори - еве какво време не очекува

Сончево и топло време со температура што ќе биде во постојан пораст и ќе достигне до 40 степени не очекува од утре до средината на наредната недела.

Утре времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени.

Во сабота и недела максималната температура ќе достигне до 37, понеделник 38, вторник 39 и среда 40 степени.

Според најавите од УХМР, во наредните денови во попладневните часови во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

 

 

 

06.07.2017 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега