Уште еден земјотрес утрово го стресе тлото на Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 02.7.2017 год., регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа во охридското епицентрално подрачје.
Земјотресот се случи во 09 часот и 58 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.4. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската Макросеизмичка Скала.
02.07.2017 - 10:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа