Убиство во Бутел: Го убил внукот, пукал во сопругата и ќерката, па си пресудил сам

 

Жител на скопската населба Бутел 1 попладнево околу 12 часот во својот дом ги застрелал сопругата, нивната ќерка и внукот.  

Веднаш потоа 84-годишниот скопјанец се самоубил.

Полицијата го потврди инцидентот. Се случил на улицата Хо Ши Мин во близина на општина Бутел. Застреланиот внук 32-годишниот Т.С. им подлегнал на повредите на лице место, а сопругата на убиецот и нивната 58-годишна ќерка во сериозна состојба и во животна опасност се префрлени на Ургентниот центар.

Во тек е увид на местото на убиството.

 

 

 

01.07.2017 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега