Време: Наутро сонце - попладне дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи особено во западните подрачја.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 28 до 37 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

20.08.2013 - 09:04

најчитано сега