Денеска ќе се одржи конференција за зајакнувањето на улогата на Собранието

Во Скопје денеска ќе се одржи конференција на тема „Зајакнување на улогата на Собранието - помеѓу реформите и политичката волја“.

На конференцијата најавено е присуство на претставници од граѓански и меѓународни организации, како и на партиски и собраниски претставници кои ќе дебатираат за тоа како да се унапреди надзорната улога на Собранието, како да се подобри учеството на граѓанското општество во работата на Собранието и како да се дојде до поквалитетна собраниска дебата.   

Конференцијата ја организира Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје од каде најавуваат дека ќе присуствува и претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.

 

 

 

28.06.2017 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега