Синоќа невреме во повеќе градови низ Македонија - на места и 40 степени

Во Демир Капија вчера беше најтопло, а северниот дел од скопската котлина и Полог беа зафатени од поголема нестабилна маса проследени со пороен дожд и грмежи. Нестабилно беше и во Мариовско, а во Куманово има пороен дожд грмежи и засилен ветер. 

Според мерењата на УХМР во Демир Капија имало 39 степени,   36 Гевгелија, 35 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 34 Виница, Струмица, Скопје Петровец, 33 Битола, 32 Тетово, Прилеп, Крива Паланка, 31 Претор, Охрид, 30 Берово, 29 Ѓуриште, 28 Пожаране, 26 Лазарополе и 25 Маврово.

Денеска сончево и топло, попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец Максимлната температура ќе се движи од  30 до 36 степени.

Во Скопје и околината, сончево и топло, попладне  со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата ќе достигне до 35 степени.

 

 

 

27.06.2017 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега